Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува јавноста дека првиот дел (теоретски дел) за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи на 17.11.2017 година со почеток во 13:00 часот (просторија 1).
Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор дел (практичен дел) на 27.11.2017 година во 13:00 часот (просторија 1).
Локација на испитниот центар: бул. Гоце Делчев бр. 96, Скопје (Правен Факултет).