Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува јавноста дека поради големиот број на пријавени кандидати за испитот за агенти, ќе се спроведат три испити, и тоа со следните термини:
I. Првиот дел (теоретски дел) за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи на 15.11.2018 година со почеток во 11:45 часот. Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор дел (практичен дел) на 23.11.2018 година во 11:30 часот.
II. Првиот дел (теоретски дел) за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи на 21.11.2018 година со почеток во 12:30 часот. Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор дел (практичен дел) на 30.11.2018 година во 12:00 часот.
III. Првиот дел (теоретски дел) за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи на 28.11.2018 година со почеток во 11:30 часот. Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор дел (практичен дел) на 13.12.2018 година во 11:30 часот.