Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ја известува пошироката јавност, дека вкупната вредност на нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесува 61.523,66 милиони денари, односно надминаа 1 милијарда евра на 30.06.2018 година.
Во Република Македонија одобрение за управување со пензиски фондови имаат двете пензиски друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
За повеќе информации можете да се информирате на следниот линк.