Skip to content
Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за јавноста

Процес на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

Во врска со процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека врз основа на доставено Барање од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Советот на експерти на Агенцијата на седница одржана на 22.02.2018 година даде согласност за пренос на 100% од акциите издадени од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на Позаваровалница Сава д.д. Исто така, ја известуваме пошироката јавност дека сите идни поврзани процеси ќе се одвиваат согласно македонското законодавство во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови.