Со цел стекнување на практични искуства во работењето на банка чувар и нејзин клиент (пензиско друштво) на 12 и 13 март 2008г. во Загреб, Република Хрватска, претставници од МАПАС, УСАИД и поголемите банки во Република Македонија (НЛБ Тутунска банка, Комерцијална банка, Охридска банка – Societe Generale, Стопанска банка, Алфа банка и Уни банка) реализираа посети на Hypo Alpe Adria Group и PBZ Croatia Osiguranje.