Советот на експерти одржа седница на 22.12.2016 година
Советот на експерти одржа седница на 06.12.2016 година
Советот на експерти одржа итна седница на 18.11.2016 година.
Советот на експерти одржа седница на 15.11.2016 година.
Советот на експерти одржа електронска седница на 05.10.2016 година и го донесе:
1. Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд.
Образложение
Со измената на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд (“Службен весник на РМ” бр. 110/2016) се изврши усогласување на овој правилник со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување со кое се избриша постоечката одредба за заверка на нотар на изјавата за согласност за премин во друг задолжителен пензиски фонд. Оваа одредба влезе во сила на 30.07.2016 година кога исто така влезе во сила и Законот за општа управна постапка. Со измените на овие одредби, во Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд се врши техничко усогласување на Договорот за членство во задолжителен пензиски фонд односно, во членот 4 став (2) од Договорот за членство во задолжителен пензиски фонд се бришат зборовите: „заверена на нотар“.
Советот на експерти одржа седница на 22.09.2016 година
Советот на експерти одржа седница на 26.08.2016 година и го донесе следниот акт:
1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови;
Образложение
Со член 1 од овој правилник се воведува обврска за пензиското друштво за доставува известување, до секој нов распределен член, кое најмалку содржи податоци за неговите права и обврски кои произлегуваат од членство во задолжителен пензиски фонд. Дополнувањето е со цел подобрување на информираноста на членовите на задолжителните пензиски фондови, посебно на оние кои се распределени од страна на Фондот на ПИОМ.
Со член 2 од овој правилник се менуваат и дополнуваат обрасците за извештаите за пензиска заштеда кои пензиските друштва ги доставуваат до членовите на пензиските фондови. Измените и дополнувањата се вршат заради прецизирање на делот од обрасците кој се однесува на лични податоци на членот и делот за надоместоците кои ги наплатуваат пензиските друштва и тоа:
1. Во делот за лого на друштво се додаваат име и презиме и адреса на членот, по барање на КБ Прво пензиско друштво. Во десниот квадрат се брише име и презиме и се додава поле за пополнување на датум на раѓање на членот заради полесна идентификација на членот и избегнување на забуни кои произлегуваат при достава на обрасците во семејства каде што има идентично име и презиме на две лица.
2.Постојната формулација во образецот:
„Во текот на _______година пензиското друштво наплати надоместок од придонеси во износ од _____ден и надоместок за управување на средства кој се наплатува од вкупните средства на фондот во износ од __% за _______ година.“
Се заменува со следната формулација:
„Во текот на _______година пензиското друштво наплати надоместок од придонеси во износ од _____ден и месечен надоместок од вредноста на нето средствата, за управување со средствата, во висина од __% за _______ година.“
Од технички аспект кратенката “МКД“ се заменува со „денари“.
Советот на експерти одржа седница на 01.07.2016 година и го донесе следниот акт:
1. Правилник за измена на Правилникот за начинот и постапката за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво.
Со постојните одредби од член 6 ставот (1) и членот 9 став (2) од овој правилник е пропишана обврска за Советот на експерти на Агенцијата да спроведува интервју со предложениот кандидат за член на управен или на надзорен одбор заради оценка на: разбирањето на неговите одговорности и надлежности; неговата управувачка и оперативна компетентност; за член на управен одбор – начинот на спроведување на програмата за работа на пензиското друштво и пензиските фондови, а за член на надзорен одбор – начинот на надзор на спроведувањето на програмата за работа на пензиското друштво и пензиските фондови, како и познавање на прописите од областа на капитално финансирано пензиско осигурување, како и други прописи од областа на финансиите кои се од значење за работењето на пензиското друштво и пензиските фондови.
Со предложената измена во овој правилник се дава можност на Советот на експерти да одлучи дали ќе спроведе интервју со предложен кандидат имајќи ги во предвид ситуациите кога постојните членови на управен или надзорен одбор се одобруваат заради реизбор и други слични ситуации.
Советот на експерти одржа електронска седница на 10.06.2016 година.
Советот на експерти одржа седница на 03.06.2016 година.
Советот на експерти на седницата одржана на 25.05.2016 година ги донесе следните акти:
1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за презентирање понуди за проектирани идни пензии.
Во Правилникот за презентирање понуди за проектирани идни пензии се менува Образецот број 1 заради јасно претставување на месечниот износ на пензија преку програмирано повлекување, анутет и комбинација од двата вида на исплата. Овој дел се дополнува со зборот „бруто“ и на крајот на страната се објаснува што содржи. Се објаснува дека месечниот износ на почетна пензија и проектираните вредности за идниот месечен износ на пензија се дадени во бруто износ бидејќи пензиите од втор столб кои се исплатуваат преку програмирани повлекувања подлежат на оданочување со персонален данок на доход согласно со Законот за персонален данок на доход. Пензиското друштво кое го исплатува програмираното повлекување има обрска да изврши пресметка и уплата на персоналниот данок на доход во име и за сметка на корисникот на пензија.
Месечниот износ на ануитетот подлежи на оданочување со персонален данок на доход согласно со Законот за персонален данок на доход. Друштвото за осигурување кое го исплатува ануитетот има обрска да изврши пресметка и уплата на персоналниот данок на доход во име и за сметка на корисникот на пензија.
Висината на персонален данок на доход е променлива согласно измените и дополнувањата на Законот за персонален данок на доход.
Покрај наведената промена се дополнува делот од образецот во кој се потпишува членот дека ја примил понудата со потврда дека му е презентирана понудата, како и со потпис на агентот.
2. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд.
Измената во овој правилник произлезе од промената на софтверскиот начин на внес на податоците од договорите за членство во задолжителен пензиски фонд, од усогласување со измени на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и подобрување на условите за влез на ново пензиско друштво.
Заради подобрување на условите за влез на ново пензиско друштво се врши доуредување на пресметката на пондерот за распределба на нераспределените осигуреници во задолжителните пензиски фондови, за задолжителните пензиски фондови кои работат повеќе од 12 месеци а помалку од 36 месеци, во насока на стимулирање на работата на пензиското друштво кое управува со нив.
Исто така, од административен аспект, се олеснува преминот од еден во друг пензиски фонд. Имено, со постојната одредба членот е должен изјавата за согласност за премин, која е пропишана во образец од страна на Агенцијата, да ја завери на нотар и потоа да ја даде на идното пензиско друштво. Со предложената измена се брише обврската за заверка на нотар на овој образец. Оваа одредба треба да влезе во сила на 30.07.2016 година кога ќе влезе во сила Законот за општа управна постапка.
Со софтверската промена на информациониот систем Агенцијата повеќе не може да врши внес на податоци од договорите за членство и таа обврска му преостанува единствено на пензиското друштво. Исто така, направено е допрецизирање на одредбите дека определени функции се вршат преку информацискиот систем.
3. Правилник за измена на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд
Со измената во овој правилник, од административен аспект, се олеснува преминот од еден во друг доброволен пензиски фонд. Имено, со постојната одредба членот е должен формуларот за согласност за премин, кој е пропишан во образец од страна на Агенцијата, да го завери на нотар и потоа да го даде на идното пензиско друштвото. Со предложената измена се брише обврската за заверка на нотар на овој образец.
4. Правилник за агенти на пензиски друштва;
Со измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (Сл весник на РМ бр. 192/2015 и 30/2016) се воспостави нова постапка за полагање на испитот за агенти. Во законската постапка се предвидени две уверенија. Согласно член 77 став (12) Аген¬ци¬ја¬та им из¬да¬ва уве¬ре¬ние за стек¬ну¬ва¬ње својс¬тво агент на ли¬ца¬та кои ќе го по¬ло¬жат ис¬пи¬тот и согласно член 77-ј став (1) на кандидатите кои го положиле испитот за агенти им се издава уверение во рок од 15 дена од денот на завршувањето на испитот. Формата и содржината на овие уверенија ги пропишува Агенцијата.
Со измените и дополнувањата на овој правилник се дополнуваат одредби за уверението кое се дава на лицата кои ќе стекната својство на агент односно на лицата кои ќе бидат запишани во Регистарот на агенти и се пропишува нов образец за уверение за стекнување својство агент.
Исто така, се усогласува рокот за достава на барања за полагање на испит за агенти од, страна на пензиските друштва до Агенцијата, со досегашната пракса. Со измената, наместо барањето да се достави во текот на првите пет дена од месеците кога се полага испитот, се доставува најдоцна 45 дена пред организирање на испитот.
5. Одлука за заштитeн знак (лого) и мото на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Советот на експерти одржа седница на 05.05.2016 година.
Советот на експерти одржа седница на 08.04.2016 година која имаше продолжение на 19.04.2016 година.
Советот на експерти одржа итна седница на 10.03.2016 година.
Советот на експерти одржа седница на 22.02.2016 година.
Советот на експерти одржа седница на 28.01.2016 година.