Советот на експерти на седницата одржана на 31.12.2018 година го донесе:
1. Правилник за членство во задолжителен пензиски фонд
Образложение
Со измената на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд се врши усогласување со измената на Законот за задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување која се однесува на категоријата на осигуреници кои може да станат членови на задолжителен пензиски фонд.
2. Правилник за пренос на средства по престанок на членство во задолжителен пензиски фонд
Образложение
Со овој правилник поблиску се пропишува начинот на пренос на вкупниот износ на средствата, во ФПИОМ од сметката на членот на задолжителен пензиски фонд, роден пред 01.01.1967 година, на кој му престанува членството во задолжителен пензиски фонд на 01.01.2019 година; на член роден пред 01.01.1967 година, кој пристапил во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување по сопствен избор и станал член на задолжителен пензиски фонд и на кој му престанува членството во задолжителен пензиски фонд со давање на изјавата за престанување на членство или на 30.09.2019 година и на членот кој во текот на осигурувањето се стекнал со својство на осигуреник согласно член 11 точка 9 и 15 од Законот за ПИО или во текот на осигурувањето имал стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење и му престанува членството во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување на 01.01.2019 година.
Советот на експерти одржа седница на 25.12.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 10.12.2018 година
Советот на експерти на седницата одржана на 26.11.2018 година го донесе:
1.Правилник за измена и дополнување на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови
Образложение
Со член 1 од измена и дополнување на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови се прецизира начинот на кој друштвото одбира финансиско-информативен сервис во случај кога на Bloomberg не е објавена цената за финансиските инструменти и наместо со одобрение на Агенцијата, друштвото го одбира финансиско-информативниот сервис по насоки од Агенцијата.
Со член 2 став (1) од овој правилник се прецизира одредбата која се однесува на вредноста на уделот на отворен инвестиционен фонд која се користи при проценка на вредноста на фондот. Со ставот (2) се врши номотехничко подобрување на текстот на одредбата. Со став (3) се определува исклучок од правилото за проценка односно дека за проценка на вредноста на фондот може да се користи последно објавената вредност по удел во инвестиционен фонд.
Советот на експерти одржа седница на 31.10.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 25.09.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 20.08.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 25.07.2018 година
Советот на експерти ја одржа првата конститутивна седница на 04.07.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 14.06.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 08.06.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 21.05.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 24.04.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 22.03.2018 година
Советот на експерти одржа седница на 22.02.2018 година
Советот на експерти на седницата одржана на 13.02.2018 година ги донесе:
1. Правилникот за измена на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност
Образложение
Со член 1 од измената на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност се предлага да се брише критериумот сопствени средства кој брокерската куќа треба да го поседува и одржува. Со член 2 од измената се предлага бришење на податоци од понудата што ја доставуваат брокерските куќи (неревидирани финансиски извештаи, последен годишен ревидиран финансиски извештај и потврда дека не му е изречена забрана за вршење на сите или дел од услугите со хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија) . Овие измени ќе се придонесат за поедноставување и унапредување на постапката за избор на правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност.
2. Правилникот за измена на Правилникот за надоместоци за задолжителните пензиски фондови
Образложение
Измената на овој правилник произлезе од потребата за поголема информираноста, на членовите на пензиските фондови и граѓаните воопшто, со промената на надоместоците кои ги наплатуваат пензиските друштва. Се предлага друштвата да ја објави промената на законски определениот надоместокот, во рок од пет дена од денот на настантата промена, најмалку во еден од најтиражните дневни весници што излегува во Република Македонија. Со преодна одредба се задолжуваат постојните пензиски друштва, кои не ја објавиле промената, да ја објават промената на законски определениот надоместок за 2018 година.
3. Правилникот за измена на Правилникот за сметковниот план, формата и содржината на основните финансиски извештаи и дополнителните извештаи за задолжителните и доброволните пензиски фондови
Образложение
Измената во овој правилник произлезе од потребата за негово усогласување со Правилник за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на пензиско друштво со кој се уреди пензиското друштво да ги доставува финансиските извештаи за пензиските фондови во електронска форма.
4. Правилникот за измена на Правилникот за формата и содржината на финансиските извештаи на пензиско друштво
Образложение
Измената во овој правилник произлезе од потребата за негово усогласување со Правилник за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на пензиско друштво со кој се уреди пензиското друштво да ги доставува финансиските извештаи за пензиските друштва во електронска форма.
5. Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво
Образложение
Со дополнувањето на Правилникот за начинот и постапката за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво, се определува рок по кој Агенцијата врши уништувањето на документите доставени од пензиското друштво кои содржат лични податоци. Ова произлезе од спроведената контрола за заштита на лични податоци како препорака да се пропише рок во кој ќе се чуваат личните податоци по што истите се уништуваат прописите за уништување на лични податоци.
6. Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање на одобрениja на измените на документите поднесени при лиценцирање
Образложение
Со дополнувањето на Правилникот за начинот и постапката за давање на одобрениja на измените на документите поднесени при лиценцирање, се определува рок по кој Агенцијата врши уништувањето на документите доставени од пензиското друштво кои содржат лични податоци. Ова произлезе од спроведената контрола за заштита на лични податоци како препорака да се пропише рок во кој ќе се чуваат личните податоци по што истите се уништуваат согласно прописите за уништување на лични податоци.
Советот на експерти одржа седница на 25.01.2018 година