На 15 април 2025 година, Економскиот факултет – Скопје беше домаќин на едукативен настан по повод Глобалната недела на парите, со фокус на финансиската едукација и пензискиот систем. Настанот беше организиран од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, ТРИГЛАВ Пензиско друштво АД Скопје и ВФП Пензиско друштво АД Скопје во соработка со Студентското собрание на Економскиот факултет – Скопје.
Настанот го отвори проф. Горан Петревски со воведно обраќање, а присутен беше и Филип Питулков, претседател на Студентското собрание на Економскиот факултет – Скопје.
Во текот на денот, презентирани беа квалитетни истражувања и анализи поврзани со пензискиот систем и капитално финансираното пензиско осигурување, од страна на следните студенти:
- Емилија Христовска и Едон Реџепи,
„Доброволното пензиско осигурување како дополнителен механизам за финансиска сигурност во староста“
- Милан Нешкоски и Никола Прентоски,
„Споредба на инвестиционите стратегии на пензиските фондови во развиените земји и во земјите во развој“
- Мери Блажеска и Аљмира Ештрефи,
„Мотиви и бариери за учество во доброволниот пензиски систем кај младите генерации“
- Ива Димитровска, Теона Петковска и Мила Димовска,
„Психолошки аспекти на штедењето за пензија: Фактори што влијаат врз одлуките на осигурениците“
- Кристина Максимова и Андреја Стојмановска,
„Доброволното пензиско осигурување како дополнителен механизам за финансиска сигурност во староста“
- Сања Павлеска,
„Инвестиционото портфолио на Сава пензиски фонд“
На крајот од настанот од страна на Дарко Саздов, член на Советот на експерти на МАПАС, беа доделени благодарници за учеството и ангажманот на сите студенти – презентери.
Со овој настан, Економскиот факултет уште еднаш покажа посветеност кон практична едукација и поттикнување на финансиска писменост кај младите.