Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС по добиените заклучоци, мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, донесени на Петнаесеттата седница одржана на 10 март 2020 година, ја известува јавноста дека испитот за агенти на пензиските друштва организиран во мартовска сесија се одложува.
Дополнително во согласност со понатамошните препораки и мерки од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ќе ја извести јавноста за следните термини за полагање на испит за агенти на пензиските друштва.