Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Во Брисел се одржа билатералниот скрининг за Поглавје 9, “Финансиски услуги”

Во Брисел се одржа билатералниот скрининг за Кластер 2 „Внатрешен пазар” со скрининг состанокот за Поглавје 9 – „Финансиски услуги”

Преговарачкиот тим беше предводен од страна на државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач на Република Северна Македонија со Европската унија, Дрита Абдиу Халили, која во своето воведно обраќање истакна дека земјата успешно го следи патот кон целосна хармонизација со европското законодавство.

 

Работната група за оваа поглавје гo сочинуваат следните институции: Министерство за финансии, Народна банка на Република Северна Македонија, Фонд за осигурување на депозити, Комисија за хартии од вредност, Агенција на супервизија за осигурување и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

 

На билатералниот скрининг од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, учествуваше Татјана Стефановска – Раководител на Сектор за правни работи.

 

Skip to content