Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за третиот квартал во 2020 година.
Согласно Кварталниот статистички извештај МАПАС ја информира пошироката јавност дека со состојба 30.09.2020 година:
• Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 524.080.
• Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 25.593.
• Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 82.777,71 милиони денари.
• Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 2.120,80 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во третиот квартал од 2020 година изнесуваат 2.391,52 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во третиот квартал од 2020 година изнесуваат 49,06 милиони денари.

Кварталниот статистички извештај бр.59, 30.09.2020 е на следниот линк:
http://mapas.mk/wp-content/uploads/2020/10/Kvartalen-statistichki-izvestaj-59_30092020_web.pdf