Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за јавноста

02.07.2013

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ПЕНЗИСКИТЕ ФОНДОВИ

Со цел заштита на интересите на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови,  информирање на потенцијалните членови на пензиските фондови за придобивките од членство и развој на свеста на јавноста за капитално финансираното пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавноста дека започнувајќи од 02.07.2013 година ќе организира ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ЧЛЕНСТВO ВО ПЕНЗИСКИТЕ ФОНДОВИ.

Се повикуваат сите лица кои се заинтересирани да добијат повеќе информации за работењето на МАПАС како и за правата кои произлегуваат од членство во пензиските фондови да дојдат во просториите на МАПАС на ул. „Стив Наумов“ бр.100, 1000 Скопје.

ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ ќе се организираат секој вторник од 12:00 часот до 14:00 часот.

Skip to content