Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Томе Неновски

tome_n

проф. д-р Томе Неновски

nenovski@uacs.edu.mk

Томе Неновски е редовен професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS). Од 2006 до 2011 година тој беше проректор на UACS. Во периодот 1991–1997 година Неновски беше заменик-гувернер на НБРМ. Има учествувано во многу преговори со меѓународни финансиски институции претставувајќи ја Р.Македонија. Има стекнато значајно искуство и пракса во монетарната политика и банкарство на Florida State University. Проф. Неновски има издадено 15 стручни книги од областа на банкарството, макроекономијата и јавните финансии. Исто така, проф. Неновски има објавено над 340 стручни трудови во домашни и меѓународни списанија и има учествувано на многу проекти, семинари и конференции. Проф. Неновски има добиено три државни награди за издаваштво, научно истражувачка работа и за посебен придонес во науката и образованието. Проф. д-р Томе Неновски во моментов е член на Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување- МАПАС.

Skip to content