Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Обраќање на Претседателот

Обраќање на Претседателот на Совет на експерти,

д-р Булент Дервиши

Почитувани,

Најпрво, би сакал да ја истакнам главната придобивка од спроведување на проектот „Едукативна кампања за пензиско штедење“ кој ќе се спроведува од страна на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование, МАПАС и двете пензиски друштва – тоа е финансиска едукација и развивање на свеста кај младите за значењето на пензиското штедење.

Имено, секој млад човек е потенцијален иден член во реформираниот пензиски систем и задолжително ќе биде вклучен во неговиот прв и втор столб, веднаш по нивното неговото вработување. Оттаму, со оваа едукативна кампања им се обраќаме на младите со цел да ги запознаеме со пензискиот системот во целина и улогата на пензијата и значењето на пензиското штедење во животот на секој човек. Човекот заработува додека е млад, а во старост живее од пензија.  Исто така, со кампањата ќе им ги појасниме  правата и обврските на младите во пензискиот систем, кој што вклучува и нивна активна улога и носење одлуки за избор на пензиски фонд.

Следна значајна придобивка од спроведување на едукативната кампања е запознавањето на младите со улогата на МАПАС. МАПАС е основана заради заштита на интересите на членовите на пензиските фондови, поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување и зајакнување на јавната свест за новиот пензиски систем. МАПАС врши супервизија над работењето на пензиските друштва кои управуваат со пензиските фондови. До МАПАС може да се доставуваат предлози, поплаки или пофалби во врска со остварувањето на  правата на членовите.

Цениме дека овие активности се од исклучително значење за иднината на младите лица. Светот останува на младите, затоа младите навреме треба да ја планираат својата иднина. 

Skip to content