Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Едукативната кампања продолжува…

11.11.2013

Од  најавениот почеток  на едукативната кампања за младите под мотото:” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… ” , МАПАС и претставници од пензиските друштва до 06.11.2013 година посетија вкупно 13 средни училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Струмица. На учениците од четврта година им беа одржани презентации за пензиско штедење и им беа поделени информативни брошури.

Исто така, на 05.11.2013 година во склоп на оваа едукативна кампања за младите се одржа и првата презентација на студентите.

МАПАС, Министерството за труд и социјална политика и претставник од пензиско друштво го посетија Правниот факултет “Јустинијан Први”-  Скопје и одржаа презентација  на студентите и притоа им беа поделени информативни брошури. Внимание беше посветено на нивното запознавање со улогата на пензијата и значењето на пензиското штедење во животот на секој човек. Студентите покажаа особен интерес за темата пензиско штедење и по одржаната презентација се разви дискусија на поставените прашања од студентите.

Кампањата продолжува и понатаму со посета на средни училишта и факултети.

Skip to content