Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС стана член на глобалната организација – Алијанса за финансиска вклученост

08.07.2014

На 4 јули во просториите на Агенцијата беше остварена средба на Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата, Булент Дервиши со извршниот директот на Алијанса за финансиска вклученост, Alfred Hаnnig и Претседателот на Координациското тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација од НБРМ, Кристина Николовска на која беше разговарано за идните активности на Агенцијата како дел од АФИ мрежата. 

DSC03010

http://www.afi-global.org/news/2014/5/28/macedonias-mapas-becomes-118th-member-afi-network

>>>

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување стана член на глобалната организација -Алијанса за финансиска вклученост (Alliance for Financial Inclusion www.afi-global.org),  која претставува организација  за креирање и имплементација на политики за зголемување на пристапот до соодветни финансиски услуги.  МАПАС стана  дел од категоријата на институции како специјален член и со тоа станува вториот член од Македонија во АФИ мрежата, заедно со Народната банка на Република Македонија која е во категорија на принципал членови. АФИ мрежата сега се состои од 118 члена и во нејзе членуваат централни банки и  финансиски регулаторни институции од повеќе од 90 земји во развој. Со членувањето на МАПАС во АФИ мрежата се отвараат можностите за размена на знаење и информации кои се однесуваат на регулирање и креирање на политики и акти кои се однесуваат на заштита на интересите на подинецот со цел да се запознае со неговите предности, права но и обвски. Членовите на оваа институција се пионери на некои од најпознатите иновативни пристапи во креирање на политики за проширување на финансиските системи и истовремено во зајакнување на  финансиската безбедност и стабилност. 

Skip to content