Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седница на Советот на експерти

11.07.2014

Советот на експерти на седницата одржана на 10.07.2014 година ги  усвои следните акти:>>>

  1. Правилник за критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот за агент 

    Со овој правилник се пропишуваат критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот за агенти на пензиски друштва. Потребата од донесување на овој правилник произлезе од  Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување од ноември 2013 година. Со овој закон се воспостави нов систем на одржување на испит за агенти на пензиски друштва, согласно кој испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар на РМ избрано од Агенцијата. 

  2. Правилник за агенти на пензиски друштвa

    Донесувањето нов Правилник за агенти на пензиски друштва произлезе од потребата за усогласување на одредбите на постојниот правилник со Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување од ноември 2013 година. Со овој закон се воспостави нов систем на одржување на испит за агенти. Во законот детално е уредена постапката за полагање на испитот за агент, а со овој правилник дополнително се уредува постапката за полагање испит за агент, запишување на лицето во Регистарот на агенти, начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот како и формата, и содржината на уверението за положен испит за агент. Согласно закон, испитот се полага во два дела и тоа први дел е теоретскиот дел од испитот а вториот дел е практичен пример.

    Со преодните одредби се уредува начинот на полагање на испитот до 04.12.2014 година односно до денот на започнување на примена на Законот изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување како и  изменетите одредби на овој правилник.

Skip to content