Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Резултати од истражувањето за степенот на Лична информираност за членување во задолжителен пензиски фонд

Во рамките на предвидените активности кон исполнување на стратегиската цел – Унапредување и одржување на стабилно и транспарентно капитално финансирано пензиско осигурување што ја има поддршката на членството и јавноста, МАПАС во текот на месец мај 2021 година, спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови преку телефонска анкета.

Во анкетата се користеше структуриран прашалник, а анкетирањето се вршеше со CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер, а податоците се обработени групно и анонимно. Прашањата во анкетата беа организирани во неколку групи, и тоа:

  • Лична информираност за членувањето во задолжителен пензиски фонд;
  • Ниво на лична информираност со вториот столб
  • Начин на информирање за вториот столб;
  • Ниво на лична информираност со улогата на пензиските друштва и задоволство од работата на пензиските друштва;
  • Ниво на познавање на правата и обврските од членување во задолжителните пензиски фондови;
  • Ниво на разбирање на податоците од извештајот за пензиска заштеда и
  • Информираност за МАПАС.

Вкупниот примерок, опфатен во оваа анкета го сочинуваа 1.100 испитаници, членови на задолжителни пензиски фондови, при што 47% од испитаниците се членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, 50% од испитаници се членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и 3% од испитаниците се членови на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје. Во примерокот, 96% од испитаниците се членови со склучен договор за членство додека 4% се распределени членови.

Првата група на прашања во анкетата, Лична информираност за членување во задолжителен пензиски фонд ги опфаќаше прашањата:

  • “Дали сте член на некој од задолжителните пензиски фондови?” и
  • “Во кој задолжителен пензиски фонд сте член?”.

 Најголем дел од испитаниците, дури 91,2% одговориле дека знаат дека се членови на некој од задолжителните пензиски фондови. Од овие испитаници, 18,7% не знаеле да посочат во кој задолжителен пензиски фонд конкретно се членови.

Подетални податоци може да најдете во Извештајот од спроведено истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови 2021.

 

Skip to content