Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ достави Известување до Агенцијата за извршениот упис на “Друштво за управување со доброволни пензиски фондови ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје” во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Агенцијата, по разгледување на доставената документација утврди дека се исполнети условите од членовите 41 став (3) и 43 став (1) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и одлучи условното одобрение за управување со доброволен пензиски фонд да стане полноважно.
Врз основа на ова, Агенцијата го запиша фондот ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје во регистарот на задолжителни и доброволни пензиски фондови.
Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.