Излезе најновото годишно истражување на ОЕЦД – Annual Survey of Investment Regulation of Pension Funds and Other Pension Providers. Ова истражување ги опишува главните квантитативни инвестициски регулативи на пензиските фондови во ОЕЦД и избрани земји коишто не се членки на ОЕЦД (повеќето од нив се членки на ИОПС). Ова истражување ги покрива инвестициските правила за други пензиски ентитети (друштва за животно осигурување) за некои земји, како Данска, Франција, Ирска, Кореа, Латвија и Шведска меѓу земји членки на ОЕЦД и Јордан во земјите кои не се членки на ОЕЦД. Информациите се однесуваат на правилата коишто се на сила на крајот на 2021 година (или последна достапна година).
Извештајот ги покрива сите типови на пензиски планови. Регулативите може да се разликуваат по типови на планови (професионални/индивидуални, задолжителни и доброволни, планови со дефинирани пензии (DB)/планови со дефинирани придонеси (DC)).
Прибраните информации се однесуваат на сите форми на квантитативно ограничување на портфолиото (минимум и максимум) применети на пензиски фондови и другите пензиски ентитети на различни правни нивоа (закон, регулатива, упатства итн.).