Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и оваа 2023 година активно продолжува со спроведување на Планот за активности во делот за унапредување на општествената одговорност и по тој повод, денешниот ден го посветивме на заедничко дружење со корисниците на Домот за стари лица Идила Терзиева.
Со посетата успеавме да им причиниме радост и задоволство, како и да им го приближиме општеството во коишто живеат и да им го намалиме чувството на осаменост. На лицата сместени во домот им подаривме игри за забава како шах, карти, не лути се човече, пикадо и друго за да нивното секојдневие биде исполнето со забава.
Оваа акција не само што им донесе радост на нашите стари сограѓани, туку ја потврди и нашата посветеност на социјално одговорен начин на работење.