Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за донација

Како општествено одговорна институција Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС заедно со своите вработени,  придонесуваат за својата локална заедница.

               

Агенцијата организираше собирна акција за донирање на облека , каде за една недела се донираа над 35 ќеси со облека , која преку социјалното претпријатие Копче ќе се проследи до крајните корисници.

Со оваа успешна акција, Агенцијата промовираше одржливи практики за продолжување на животниот циклус на облеката и намалување на отпадот, а воедно и се поттикнува чувството на сочувство и единство во заедницата, каде заеднички помагаме онаму каде што е најпотребно.

Mотото за оваа собирна акција е : Донирањето на облека не е само да се подари она што повеќе не ни треба, туку и обебзедување топлина , достоинство и надеж.

Skip to content