Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седмо издание на Деновите на финансиската писменост 21 -23 ноември 2023 година

Деновите на финансиската писменост, коишто се организираат по седми пат, годинава ќе се одржат од 21 до 23 ноември.

Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор.

МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани да ја посетат веб страната на МАПАС и социјалните медиуми на МАПАС за да се информираат и едуцираат за капитално финансирано пензиско осигурување и својата индивидуална сметка.

Целта на оваа финансиска едукација што ќе се спроведува во рамките на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост е да се подобрaт знаењето и вештините, а воедно и да се променат ставовите и однесувањето кон финансиската писменост со цел да се поттикне финансиската вклученост и да се зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиските услуги, особено во делот за капитално финансирано пензиско осигурување.

 

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна и нашите социјални медиуми:

http://www.mapas.mk

https://www.facebook.com/mapas.mk

https://www.instagram.com/mapas.mk

https://www.linkedin.com/company/mapasmk/

Skip to content