Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение до јавноста за намалување на надоместокот од уплатени придонеси за членови на задолжителни пензиски фондови

 

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, ја известува пошироката јавност за намалување на надоместок од уплатени придонеси за членови на задолжителни пензиски фондови. Почнувајќи од 1.1.2024 година, висината на надоместокот од уплатени придонеси кој го наплатуваат пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје се намалува и изнесува 1,80% од секој уплатен придонес во задолжителен пензиски фонд, наместо досега важечкиот 1,90%.

Висината на надоместокот од уплатени придонеси и висината на месечниот надомест од вредноста на вкупните нето средства е променлива категорија, кој е во рамките на максималната висина на надоместоците пропишани со Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Skip to content