Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

ИОПС го објави Извештајот од проектот за примената на супервизијата врз основа на оценка на ризици и ажурираната алатка IOPS RBS Toolkit

Извештајот од проектот за примената на супервизијата врз основа на оценка на ризици (risk based supervision – RBS) ги сумира искуствата и добрите практики на 45 пензиски супервизори со цел поддршка на членките на ИОПС при дизајнирањето, имплементирањето, користењето или ревидирањето на пристапот за RBS.

Извештајот ги идентификува трендовите и искуствата во RBS што еволуирале откако за прв пат беше креирана алатаката IOPS Toolkit за пензиска супервизија врз основа на оценка на ризици во 2010 година.

Клучните придобивки од примената на овој пристап се однесуваат на подобреното управување со ризикот и оптималната распределба на ресурсите. Извештајот забележува дека RBS е ефективен супервизорски пристап за пензиските супервизори. Најчести предизвици на RBS поврзани со предусловите и дизајнот се внатрешните ресурси, собирањето податоци, очекувањата на засегнатите страни и поставувањето на регулативата.

Врз основа на препораките од овој извештај беше ревидирана и алатката IOPS RBS Toolkit. Супервизорските активности за поддршка на супервизијата врз основа на оценка на ризици се проширија иако податоците и примената на супервизорското расудување остануваат многу важни.

IOPS RBS Toolkit е структуриран пристап насочен кон идентификување на потенцијални ризици со кои се соочуваат пензиските фондови и пензиските друштва и кон оценка на финансиските и оперативните фактори што се користат за ублажување на таквите ризици.

Рамката со 5 модули обезбедува практично упатство и вклучува сеопфатни студии на случај за да се илустрира како супервизорите се справиле со предизвиците својствени за спроведување на концептите и техниките на супервизијата врз основа на оценка на ризици.

 

Извештајот е на следната врска:

Report_on_RBS

 

IOPS RBS Toolkit е на следната врска:

IOPS Toolkit for Risk-based pension supervision

Skip to content