Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на огромно задоволство денеска 28.03.2024 година имаше можност во своите простории да им оддаде Благодарници за придонес и учество во спроведување на едукативниот настан во склоп на активностите за одбележување на Глобалната недела на парите 2024 година на тема: „Заштити ги твоите пари, обезбеди ја твојата иднина” преку спознавање на финансискиот свет на проф. Елена Наумовска и студентите од катедрата за финансии од Економскиот факултет од Скопје кои ја поддржаа иницијативата на МАПАС и трите пензиски друштва КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво заеднички во колаборација со ФСС Економски и УСС УКИМ.
На средбата проф. Елена и студентите го изразија своето задоволство и благодарност за укажаната можност да се претстават и да го пренесат своето знаење за финансиите и финансиските институции со посебен осврт на тростолбниот пензиски систем во нашата земја и предностите и придобивките од капитално финансираното пензиско осигурување со останатите колеги од другите факултети.
Заеднички сите изразија подготвеност за понатамошна соработка и проширување на активностите за подигање на финансиската писменост и пензиската свесност, како основа за обезбедување на квалитетен животен стандард и сигурни пензионерски денови.