На 5 февруари 2025 година, претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување учествуваа на меѓународната конференција „Реформирање на пензискиот систем во Албанија“, која се одржа во Тирана. Конференцијата беше организирана од Светската банка и Министерството за економија, култура и иновации на Албанија.
Конференцијата започна со поздравни говори од г. Бленди Гонџја, министер за економија, култура и иновации, г-ѓа Xiaoqing Yu, директорката на Светска банка за Западен Балкан, и г. Еди Рама, премиер на Албанија. Во текот на конференцијата, учесниците дискутираа за предизвиците и можностите за реформирање на пензискиот систем во Албанија, вклучувајќи ги и опциите за воведување на задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб) и подобрување на приватните пензиски шеми.
Претставникот од МАПАС, г. Дарко Саздов, член на Советот на експерти, учествуваше во панел дискусијата за приватни пензии и дефинирани придонеси, каде што ги сподели искуствата и перспективите на Северна Македонија во оваа област.
Конференцијата заврши со заклучоци и препораки за понатамошни чекори во реформирањето на пензискиот систем во Албанија, со цел да се обезбеди одржливост и правичност на системот.