Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување @mapas.mk и пензиските друштва @sava_penzisko, @kbprvo и @triglavpenzisko продолжуваат посветено да го спроведуваат овој настан со активности, сè со цел да се зголеми финансиската писменост кај младите.
Овогодишната тема е „Размисли пред да одлучиш да „следиш“, за идната безбедност на твоите пари“ и се однесува на тенденцијата кај некои млади луѓе да ги следат советите на таканарачените „финфлуенсери“ или финансиски инфлуенсери и вештачката интелигенција, кои и не се секогаш веродостојни извори.
Дополнително, штетни финансиски одлуки може да се резултат на емотивни реакции, како чувствување притисок од средината. Но, за мудро да се штеди и инвестира, потребен е добар финансиски менаџмент, критичност кон изворите на информации и препознавање на емотивни тригери. Само така може да се носат правилни и здрави финансиски одлуки.
Следете нè на нашите социјални медиуми и на penzija.mk за да сте во тек со нашите активности!