Претседателот на Советот на експерти Ремзи Бајрами и членовите на Советот на експерти на МАПАС одржаа состанок со членовите на Управните одбори на пензиските друштва
Претседателот на Советот на експерти Ремзи Бајрами и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско соигурување -МАПАС денес одржаа состанок со членовите на Управните одбори на пензиските друштва.
Главната цел на состанокот беше запознавање на членовите на Управните одбори со новиот претседател на МАПАС, Ремзи Бајрами и воспоставување на конструктивна соработка во рамките на пензискиот сектор.
Во текот на состанокот беа разгледани актуелните прашања од областа на капитално финансирано пензиско осигурување, како и идните планови и активности на МАПАС за унапредување на пензискиот систем во Република Северна Македонија.
Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами, ја истакна својата посветеност на зајакнување на транспарентноста, ефикасноста и сигурноста на пензиското осигурување, нагласувајќи дека неговиот фокус ќе биде насочен кон стабилноста на пензиските фондови и зголемување на довербата на осигурениците.
Присутните се согласија дека континуираната соработка помеѓу Советот на експерти и Управните одбори е од клучно значење за развојот на стабилен и ефикасен пензиски систем кој ќе обезбеди сигурна иднина за граѓаните.
Состанокот се одржа во позитивна атмосфера, со активно учество на сите присутни членови.