Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

РАБОТНА СРЕДБА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ (SIAP)

Претседателот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, Ремзи Бајрами, заедно со членовите на работната група ангажирана за развојот на софтверското решение за Регистар на социјални осигуреници, одржаа работна средба со претставниците од консултантската компанија која е дел од проектот на Светска банка за администрирање на социјалното осигурување (SIAP) во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади.

На средбата беа разменети информации и мислења во врска со клучните процеси на вкрстување и миграција на податоци кои се неопходни за функционалноста и интегритетот на Регистарот. Разговорите беа фокусирани на техничките и институционалните аспекти за обезбедување точност, ажурност и сигурност на податоците што ќе се администрираат преку новото решение.

Овој регистар претставува стратешки чекор кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и интероперабилноста на системите за социјално осигурување во државата. МАПАС, како регулатор на капитално финансираното пензиско осигурување, активно придонесува кон развојот на модерни, дигитализирани решенија кои ќе го олеснат пристапот до услуги за сите осигуреници.

Проектот SIAP се спроведува со поддршка од Светска банка и има за цел унапредување на системите за социјална заштита преку дигитална трансформација и подобрена административна ефикасност.

Skip to content