Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС со централен настан во СГГУС „Здравко Цветковски” – Скопје по повод Денот за пензиска свесност

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС со низа активности, што се спроведоа во текот на изминатите денови го одбележа Денот за пензиска свесност – 15 септември, а централниот настан, со едукација за млади, ќе се одржи во СГГУС „Здравко Цветковски” – Скопје.

На настанот ќе се обратат претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами и државниот советник на Министерство за социјалнаполитика, демографија и млади Фатмир Сабриу.

Претставници на МАПАС ќе одржат интерактивна едукација со учениците која ќе има за цел да ги научи младите која е улогата на МАПАС, како и за сите детали на пензискиот систем во Северна Македонија.

На настанот ќе се спроведе и квиз со цел да се наградат новостекнатите знаења на учениците.

„Во текот на изминатите денови спроведовме интерактивни едукации во повеќе училишта во земјата, бидејќи за нас е најважно младите навремено да се информирани за функционирањето на пензискиот систем, како и за нивната улога во него. Ни претставува огромна чест што учениците покажаа толку голем интерес,” потенцираа од МАПАС.

Од МАПАС наведоа дека исклучително е важно младите да имаат висока свест за финансиската хигиена, а со тоа да си обезбедат мирни и убави пензионерски денови.

Skip to content