Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС присуствуваше на Третата конференција за фриленсери на тема „Фриленс – Иднината на дигиталната работа“, која се одржа со цел да ја поттикне јавната дискусија за статусот, можностите и предизвиците на фриленсерите во Република Северна Македонија.
Конференцијата имаше за цел да ја нагласи потребата од системско уредување на социјалниот и правниот статус на фриленсерите, како и подобрување на нивната интеграција во економските и институционалните процеси. Настанот ги обедини клучните актери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и се дебатираше на следните теми:
- Македонија на светската фриленс мапа
- Законски можности и обврски на фриленсерите
- Социјално, пензиско и здравствено осигурување
- Третиот столб – пензиска иднина на фриленсерите
- Маркетинг и дигитален контент и
- Сметководство со QuickBooks и работа на американскиот пазар
Со своето присуство, МАПАС го поддржа дијалогот за унапредување на положбата на фриленсерите и создавање поинклузивна рамка за нивно вклучување во социјалните и пензиските системи.
МАПАС ја поздравува иницијативата за организирање на вакви настани кои придонесуваат за отворен дијалог, размена на искуства и подигнување на свеста за важноста на социјалната и пензиската заштита на сите учесници на пазарот на трудот.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk