Претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, присуствуваа на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што се одржа во Охрид, во организација на Народната банка на Република Северна Македонија.

Од МАПАС на конференцијата присуствуваа Ремзи Бајрами, претседател на Советот на експерти на МАПАС, и Фестим Беќири, раководител на Одделението за институционална контрола.

Конференцијата претставува значајна платформа за размена на знаења и искуства во областа на платните системи, дигитализацијата и развојот на финансиската инфраструктура, со учество на претставници од домашниот и меѓународниот финансиски сектор.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk