Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС одржа информативна средба со медиумите за унапредување на пензискиот систем


МАПАС одржа информативна средба со медиумите на кој претседателот на Советот на експерти, Ремзи Бајрами, заедно со членовите на Советот и експертите од Агенцијата, ги претставија најновите информации и насоки за развојот на капитално финансираниот пензиски систем. На брифингот присуствуваа и претставници на четирите пензиски друштва што функционираат во државата.

Во рамките на излагањата беше нагласена важноста на финансиската писменост како клучен предуслов за стабилна финансиска иднина и донесување информирани одлуки од страна на членовите. Беа појаснети придобивките од членството во вториот и третиот пензиски столб, правата кои произлегуваат од тоа членство, како и начинот на инвестирање и приносите што се остваруваат преку пензиските фондови. Посебен акцент беше ставен и на моделите за исплата на пензии, со цел членовите подобро да ги разберат опциите што им стојат на располагање при пензионирање.

Информативна средба уште еднаш ја потврди заложбата на МАПАС за унапредување на пензискиот систем, зголемување на транспарентноста и континуирана поддршка на финансиската едукација како значајни елементи за стабилен и одржлив систем.

Skip to content