Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за учество на конференција во организација на Народната банка на Република Северна Македонија

На 25 ноември 2025 година, се одржа конференција на тема: „Ризиците поврзани со климатските промени и финансиската стабилност: Управување со денешните предизвици и утрешните можности“, во организација на Народната банка на Република Северна Македонија.

Од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на конференцијата присуствуваа Претседателот на Советот на експерти, Ремзи Бајрами, и Главниот советник на Претседателот на Советот на експерти, Пранвера Сума.

Учеството на МАПАС на настанот беше во насока на следење на актуелните процеси поврзани со климатските ризици и нивното влијание врз финансиската стабилност, како и размена на професионални искуства и добри практики со претставниците на финансиските институции и регулаторите.

                         

Skip to content