Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Ремзи Бајрами, оствари работна средба со проф. д-р Абдулменаф Беџети, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, член на Македонската академија на науките и уметностите и истакнат експерт за финансии и економски прашања поврзани со надлежностите на институцијата.
На средбата беа разменети мислења за актуелните предизвици и можностите за унапредување на соработката во областа на пензискиот систем, финансиската стабилност и академско-институционалната соработка.
Соговорниците ја истакнаа важноста од продлабочување на комуникацијата меѓу институциите и академската заедница, со цел размена на експертиза, идеи и искуства кои ќе придонесат за понатамошен развој на пензискиот систем.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk