Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Работен состанок на МАПАС и ЦРПМ

Денеска во просториите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се одржа работен состанок со претставници од невладината организација Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ).

На состанокот се разговараше за важноста на финансиската едукација и за можностите за заедничка поддршка на акредитираната програма „Финансиска академија – Финансиски и административни менаџерски вештини за граѓански организации“, која има за цел јакнење на финансиските знаења и практичните вештини кај граѓанскиот сектор.

Во конструктивната дискусија беше потенцирано дека финансиската едукација игра клучна улога во процесот на носење квалитетни финансиски одлуки – од управување со личните и организациските финансии, до одлуките каде ги инвестираме нашите пари, време и енергија и каков квалитет на живот градиме со тие одлуки.

Како резултат на состанокот беше донесен заеднички заклучок МАПАС да се приклучи кон програмата на Финансиската академија преку учество со експерт-предавач во еден од модулите, „Долгорочно инвестирање и градење финансиска сигурност за стабилна иднина“

МАПАС ја поддржува оваа иницијатива како значаен чекор кон унапредување на финансиската писменост и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за одговорно и одржливо финансиско управување.

 Во тек е повикот за аплицирање за втората генерација на програмата „Финансиска академија“. Ги охрабруваме заинтересираните организации да се пријават и да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на финансиското и административното управување.

Skip to content