Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС СПРОВЕДЕ УСПЕШНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ДОНИРАЊЕ ОБЛЕКА

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, успешно реализираше хуманитарна акција за донирање облека, во која вработените донираа повеќе од 75 ќеси со облека.

Собраната донација, преку социјалното претпријатие “Копче”, ќе биде доставена до граѓаните на кои им е најпотребна.

Со оваа акција, МАПАС уште еднаш ја потврди својата посветеност на општествената одговорност, солидарноста и хуманоста, испраќајќи порака дека и малите дела на добрина можат да придонесат за позитивни промени во заедницата.

Skip to content