Претседателот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, Ремзи Бајрами и членот на Советот на експерти на МАПАС, Пранвера Сума, остварија работна средба со пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Беким Ќоку.
На средбата беа разменети мислења за прашања од значење за функционирањето и развојот на капитално финансираното пензиско осигурување, како и за улогата на МАПАС во надзорот над пензиските друштва и заштитата на интересите на членовите на пензиските фондови.
Средбата претставува можност за унапредување на комуникацијата и соработката меѓу МАПАС и претставниците на законодавната власт, особено во однос на прашањата поврзани со пензискиот систем и неговата долгорочна одржливост.
МАПАС и понатаму ќе продолжи да ја унапредува соработката со релевантните институции и чинители, во рамки на своите законски надлежности, со цел развој на стабилен и одржлив пензиски систем и заштита на интересите на членовите на пензиските фондови.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk