Во периодот од 28 октомври до 5 ноември 2026 година се одбележуваат Деновите на финансиската писменост, иницијатива насочена кон подигнување на свеста за значењето на финансиското образование и унапредување на знаењата и вештините на граѓаните во областа на финансиите.
Регулаторните финансиски институции, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија, организираат низа активности со цел да им овозможат на граѓаните подобро да ги разберат финансиските производи и услуги, одговорно да управуваат со своите финансии и да донесуваат информирани финансиски одлуки.
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, како една од институциите вклучени во оваа иницијатива, ја истакнува важноста на финансиската писменост, особено во делот на пензиското осигурување и долгорочното финансиско планирање. Разбирањето на пензискиот систем и навременото информирање за можностите за пензиско штедење се важни предуслови за посигурна финансиска иднина.
Граѓаните се покануваат да ги посетат веб-страниците и профилите на социјалните мрежи на финансиските институции, каде што ќе можат да се информираат за планираните активности и да се вклучат во иницијативите посветени на финансиското образование.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk