04.11.2013
На 1.11.2013 година Билјана Котеска, вработена во МАПАС, се здоби со Уверение за положен стручен испит за добивање на дозвола за работа како овластен актуар, преку обуката за актуари и 15 испити, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување. Актуарската обука се спроведуваше 2 години, а наставната програма за стручниот испит се состои од вкупно 15 предмети и е изготвена согласно насоките дадени од Меѓународното актуарско здружение IAA (International Actuarial Association) и Groupe Consultatif (des Associations d’Actuaries des Pays de Communautes Europennes).
Актуарите се стручни лица кои се занимаваат со проблемите на финансиската неизвесност и ризиците со користење на математички методи од теоријата на веројатност, статистика и финансиска математика. Повеќето актуари работат во индустријата за осигурување и пензиско осигурување. Исто така актуарски знаења се потребни и во институциите кои се одговорни за супервизија на друштвата за осигурување и пензиските друштва и пензиски фондови.
Знаењата со кои вработените се стекнуваат преку посетувањето на ваквите стручни обуки претставуваат придобивка и јакнење на капацитетите на МАПАС.