Работниот документ ги опфаќа дизајнот и супервизијата на проекциите за пензии врз основа на истражување на 26 пензиски системи и дава преглед на клучните варијабли кои се користат при изготвување на проекциите на пензии. Пензиските супервизори се соочуваат со големи предизвици во однос на обезбедување на квалитетни проекции, изнаоѓање на соодветни методи за презентирање на резултатите, стандардизирање како и обезбедување на усогласеност со регулатива. Овој документ дава и препораки во однос на дизајнот и супервизијата на проекциите на пензии.
Проекциите во истражените земји најчесто се детерминистички, индивидуализирани и се базираат на едно сценарио. Во поголемиот број од државите проекциите ги прикажуваат идните акумулирани средства и пензиите, изразени во денешна вредност на парите. Најголемиот број на држави прикажуваат проекции за еден пензиски столб. Методологиите за проекции и претпоставките кои треба да се користат, се развиени од пензиските друштва, пензиските супервизори или државните институции.
Во документот се вклучени и констатации за регулативата и практиките на нашето задолжително капитално финансирано пензиско осигурување поврзани со оваа тема.
Документот е на следниот линк: