Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за првиот квартал во 2020 година.
Согласно Кварталниот статистички извештај МАПАС ја информира пошироката јавност дека со состојба 31.03.2020 година:
• Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 515.975.
• Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 25.364.
• Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 73.599,77 милиони денари.
• Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 1.927,6 милиони денари.
• Вкупно уплатени придонеси во првиот квартал од 2020 година во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 2.126,09 милиони денари.
• Вкупно уплатени придонеси во првиот квартал од 2020 година во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 91,03 милиони денари.