Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Пензискиот пазар во фокус – Пензиски фондови во бројки 2020

Организација за економска соработка и развој – ОЕЦД го објави најновиот број на изданието “Пензиски фондови во бројки 2020”, со прелиминарни податоци за 2019 година и прелиминарни предвидувања за влијанието на КОВИД – 19 кризата за првиот квартал 2020 година.
Прелиминарните податоци од изданието на ОЕЦД покажуваат дека пензиските средства во 2019 година изнесуваат 32 билиони УСД во земјите членки на ОЕЦД и 0,7 билиони УСД во земјите кои не се членки на ОЕЦД, што значи дека пензиските средства пораснале за 13,9% во земјите членки на ОЕЦД и 11,3% во земјите кои не се членки на ОЕЦД.
Инвестициските резултати во 2019 година се значителни. Реалните – инвестициски приноси надминуваат 5% во 29 од 46 испитувани земји, од кои во 13 земји приносот е поголем од 10%. Ваквите резултати веројатно се должат на опоравувањето на финансиските пазари, после лошите резултати во последниот квартал на 2018 година.
Сепак голема е веројатноста на крајот на првиот квартал 2020 година пензиските средства да се намалат заради ширењето на КОВИД – 19 и влијанието на кризата врз финансиските пазари. Раните проценки покажуваат дека на краот на првиот квартал 2020 година се очекува пад на пензиските средства на 29,8 билиони или за 8% во однос на 2019 година.
Штедењето за пензија има долгорочна природа и краткорочните финансиски загуби можат да бидат надоместени на долг рок, освен ако средствата не се повлечат предвреме.

Најновиот број на изданието “Пензиски фондови во бројки 2020” е на следниот линк:
http://www.oecd.org/daf/fin/private-pensions/pensionmarketsinfocus.htm

Skip to content