Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за првиот квартал во 2021 година.
Согласно Кварталниот статистички извештај МАПАС ја информира пошироката јавност дека со состојба 31.3.2021 година:
• Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 534.462.
• Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 26.293.
• Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 92.202,61 милиони денари.
• Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 2.427,66 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во првиот квартал од 2021 година изнесуваат 2.168,61 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во првиот квартал од 2021 година изнесуваат 80,47 милиони денари.
Кварталниот статистички извештај бр.61, 31.3.2021 е на следниот линк:
https://mapas.mk/wp-content/uploads/2021/04/Kvartalen-statistichki-izvestaj-61_31032021_web.pdf