Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС сертифицирана по СТАНДАРДОТ ISO 9001:2015, од страна на сертификационо тело МКД СЕРТИФИКАТ

МАПАС во текот на 2012 година започна со имплементација на барањата од меѓународниот стандард ISO 9001:2008 и истата успешно ја заокружи со сертификација од страна на сертификационо тело, DAS Certification Limited, акредитирнао од United Kingdom Accreditation Service (UKAS). МАПАС, следејќи ги новините во работењето со управување со квалитет, како институција во Република Македонија која ги препознава значењето, неопходноста и придобивките од воведениот систем за управување со квалитет, продолжи со примена и реализација на сите нови активности кои ги налага овој стандард во секојдневното работење. Се покажа и се потврди дека добро развиен и одржуван систем за управување со квалитет има позитивен придонес во и за остварување на целите во работење.
Со примената на ревизијата на стандардот, МАПАС своите оперативни процеси ги приспособи на барањата на новиот стандард ISO 9001:2015.
Најновите измени се дел од тековната еволуција на овие стандарди, кои помагаат во решавање на клучни прашања како што се: широка употреба на стандарди за повеќе системи за управување во рамките на институцијата, интеграција на квалитетот во водењето на институцијата, како и севкупно олеснување на примената на стандардите. Овој систем кој е потврден од МКД СЕРТИФИКАТ, ја покажува подготвеноста на МАПАС да докаже како се работи во институција каде се применуваат принципите на зрел систем за управување со квалитет и каде се демонстрираат силната обврзаност и заложба на раководството и целиот тим континуирано да го подобрува работење, сега и согласно новата ревизија на стандардот ISO 9001:2015, а во интерес за самата институција и за сите заинтересирани страни.
Линк до сертификатот

Skip to content