Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС учествуваше на четиридневната Тренинг програма за финансиски регулативи 2025, организирана од Комисијата за хартии од вредност и Европската банка за обнова и развој

Во текот на обуката, стручните лица од МАПАС имаа можност да се запознаат во најновите европски регулативи – CSDR, MiFID II и MAR, кои претставуваат клучен сегмент во унапредувањето на пазарната инфраструктура, транспарентноста и заштитата на инвеститорите. Стручните модули, збогатени со практични примери и анализа на критични точки во примената на регулативите, овозможија продлабочено разбирање на обврските и предизвиците што ги носат современите европски стандарди.

На завршниот ден, настанот го проследи и Претседателот на Советот на експерти, г. Ремзи Бајрами, кој смета дека е од особена  важност  континуиранта едукација и усогласување со европските стандарди, особено во контекст на идните регулаторни текови што ќе влијаат врз пазарните учесници и пензискиот систем.

Учеството на МАПАС придонесува кон дополнително зајакнување на институционалните капацитети и подобра примена на современите регулативи во практиката.

                               

Skip to content