Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за јавноста

05.03.2015

ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ И ДОБРОВОЛНИТЕ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ ЌЕ ДОБИЈАТ ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ ЗА 2014 ГОДИНА ВО ЗЕЛЕН ПЛИК 

Пензиските друштва до членовите и пензионираните членови на пензиските фондови со кои управуваат, еднаш годишно доставуваат извештај (зелен плик) за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио.

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје се во процес на достава на годишните извештаи до своите членови. Овие извештаи со состојба 31.12.2014 година, ќе бидат доставени најдоцна до 31.03.2015 година.

Сите членови кои го немаат добиено зелениот плик и имаат промена во своите лични податоци  потребно е да ги ажурираат, за да ги добиваат редовно годишните известувања  од пензиските друштва.

За ажурирање или корегирање на своите податоци, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат – Барање за ажурирање или корекција на лични податоци.

Седиштата и веб страниците на двете пензиски друштва се:

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

ул.Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје

тел: 02/5100-285  www.npf.com.mk 

бул. Илинден бр.1, 1000 Скопје

тел: 02/3243-777 www.kbprvo.com.mk  

Членовите кои имаат дополнителни прашања може да се обратат до Агенција за cупервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на телефонскиот контакт 02/3224-229 или да ја посетат веб страницата www.mapas.mk.

Skip to content