Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), по повод одбележување на Денот за пензиска свесност – 15 септември организираше меѓународна конференција пред претставници од државни институции, регулаторни тела и соработници.
Во првиот дел од конференцијата се обратија гувернерот на Народна Банка на Република Македонија, господин Димитар Богов и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, господин д-р Булент Дервиши.
Во вториот дел од меѓународната конференција се одржа панел дискусија на тема: Размена на искуства за информирање на јавноста во другите земји на која учесници беа гости од Хрватска, Словачка и Албанија.
На настанот беа поделени најнови информативни – едукативни материјали подготвени од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), кои се во насока на континуираните активности за финансиска едукација на населението.
Материјали од меѓународна конференција:
– Обраќање на претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши.