Во рамки на одбележувањето на Global Money Week 2026, денеска на Економскиот факултет се одржа едукативен настан во соработка со проф. Елена Наумовска, посветен на подигнување на финансиската писменост кај младите. На настанот, претставник на МАПАС заедно со претставници од трите пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје отворија дискусија на тема „Smart money talks“, која ја одбележува овогодишната Глобална недела на парите 2026 (ГНП).
Преку интерактивна комуникација со студентите се разговараше за:
- значењето на темата на ГНП 2026 и нејзината актуелност
- како младите ја перцепираат финансиската писменост
- колку и на кој начин се зборува за „Smart money“ меѓу младите
- што ги поттикнува да размислуваат за штедење, инвестирање и долгорочна финансиска сигурност
Дополнително, беше презентирано и кои можности им се нудат на младите од страна на МАПАС и пензиските друштва, особено во делот на:
- практична работа (пракса)
- полагање на испит за агенти
- можности за започнување на кариера уште за време на студирањето
Со цел овие можности да им се доближат на студентите, младата Сара ја сподели својата успешна приказна – како од пракса станала агент, а денес е вработена во секторот за членство во пензиско друштво.
Настанот претставуваше одлична можност за размена на мислења и поттикнување на младите активно да размислуваат и разговараат за финансиските одлуки што ги носат денес, а влијаат на нивната иднина.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk